КФМ: Повторно одложен стартот на кошаркарската сезона

Кошаркарската федерација на Македонија излезе со соопштение дека повторно се одложува почетокот на новата натпреварувачка сезона 2020/21, кој беше закажан за овој викенд.

Имајќи ја во предвид целокупната епидемиолошка ситуација во земјата и фактот дека бројот на ново заболени секојдневно се зголемува, раководството донесе одлука за одложување на почетокот на натпреварувачката сезона 2020/2021 во Прва лиг мажи, кој првично беше предвиден да биде овој викенд, односно на 10-ти и 11-ти октомври.

Во очекување на комплетните резултати од PCR тестирањето за корона вирусот кое го спроведуваме, а со кое беа опфатени сите клубови од Првата лига мажи, како и официјалните лица, а поради неможноста да се предвиди временската рамка во однос на евентуалниот почеток на првенството, во овој момент не може да се гарантира дека започнувањето на националниот шампионат би имал регуларен тек.

Во наредниот период, од федерацијата велат дека внимателно ќе се следи состојбата во нашата држава од здравствен аспект, па во дополнителни консултации со Комисијата за заразни болести и Институтот за јавно здравје, ќе биде донесена одлука за почетокот на натпреварите од Првата машка кошаркарска лига.

Сподели

Можеби ќе ве интересира