КФМ: Различни проблеми, претстојната рунда се одложува

Денеска се случи промена за датумот на одигрување на натпреварите од 4-та рунда во Првата машка кошаркарска лига.

„Ве известуваме дека 4. коло од Првата лига-мажи, закажано за 11.11.2020 година СЕ ОДЛОЖУВА поради настап на екипите на КК Работнички и КК МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата, настап на екипите на КК Куманово 2009 и КК ТФТ во БИБЛ лигата и излегувањето од изолацијата на екипите на КК Вардар и КК Пелистер на кој им е потребен одреден временски период за подготовка за следните натпревари, се вели во соопштението на КФМ.

Рундата број 4 се презакажува за 14.11.2020 година, а останатите првенствени средби се поместуваат.

Сподели

Можеби ќе ве интересира