Лејкерси со лесна победа во првиот натпревар (HIGHLIGHTS)

Лос Анџелес Лејкерс ја совладаа екипата на Мајами Хит во првиот натпревар од големото финале со 116:98, па водат со 1:0 во серијата.

Ентони Дејвис постигна 34 поени, а на ЛеБрон Џејмс му недостасуваше една асистенција повеќе за „трипл-дабл“ учинок бидејќи имаше 25 поени, 13 скокови и 9 додавања.

Лејкерси доминираа на теренот против Мајами. Горан Драгиќ мораше да го напушти натпреварот поради повреда во втората четвртина, додека пак Бем Адебајо од иста причина но во третиот дел. Џими Батлер остана сам и до крајот постигна 23 поени за Мајами. Тимот на ЛАЛ имаше неверојатни 54 скокови во споредба со 36-те на Мајами.

Дуелот практично беше решен во втората четвртина кога Лејкерс имаа 14 поени предност, а на полувремето заминаа со 17. До крајот, разликата само растеше поради отсутните играчи на Мајами.

Лејкерси погодија 15 шутеви за три поени, а кога минималниот учинок им е 14, тие се на скор од 21 победа и 3 порази.

Во продолжение, можете да ги видите најинтересните моменти од натпреварот:

Сподели

Можеби ќе ве интересира