Лејкерси стигнаа до 17-та титула во историјата

Лос Анџелес Лејкерс можат повторно да се радуваат, откако по 11 години се повторно шампиони. Тогаш, трофејот го подигна легендарниот и за жал човекот кој веќе не е помеѓу нас, Коби Брајант.

Тимот на Френк Вогел беше доминантен во текот на целата регуларна сезона, но и во целиот плеј-оф, па сега заслужено се на врвот со 17-та титула во историјата на клубот. Па така, се изедначија со Бостон Селтикс по бројот на освоени наслови.

ЛеБрон Џејмс го забележа 11-от „трипл-дабл“ учинок во НБА финалињата, постигнувајќи 28 поени, 14 скокови и 10 асистенции.

Џејмс воедно е избран и за МВП на големото финале, а ова му е четврти таков успех во кариерата, но и трета титула со по една различна екипа. Ентони Дејвис на крајот стигна до 19 поени, 15 скокови и 2 блокади. За него, ова беше прво големо НБА финале и прва титула, бидејќи долг низ на години не можеше да стигне до поголем успех со екипата на Њу Орлеанс Пеликанс.

Смртта на Коби Брајант беше во нашите мисли. Но, успеавме целиот молк, шокот, тагата да ја претвориме во една цел – победа за нашиот „мамба“, едногласна порака на сите играчи и фанови на ЛАЛ.

Лос Анџелес Лејкерс со 4:2 во серија го победи тимот на Мајами Хит, а во последниот дуел славеа со 106:93. Сигурен натпревар, бидејќи „езерџиите“ имаа и +28 на полувреме.

Мал одмор, па следуваат подготовките за новата сезона. Останува да видиме колку се гладни во ЛАЛ и колку успешно ќе биде напаѓањето на 18-та титула.

Сподели

Можеби ќе ве интересира