Лејкерс со половина гас до 3:1, Хјустон изгледаше очајно

Тимот на Френк Вогел го доби и третиот натпревар по ред, откако во првиот убедливо изгубија од екипата на Хјустон. Лејкерси беа поуспешни со 110:100, иако на моменти водеа и со 20 разлика.

Најголем број на поени 29, постигна Ентони Дејвис и додаде 5 асистенци со 12 скокови. Во “домашната екипа“, Расел Вестбрук беше најдобар со 25 поени, 3 асистенции и 3 скокови.
Вреди да се напомене одличната партија на Алекс Карусо од Лејкерс, кој со 16 поени, 2 асистенции и 3 скокови беше можеби и најенергичен на теренот. Тој ја постигна значајната тројка на асистенција од Џејмс на +5, па тимот на Вогел доби значајна предност на 30 секунди пред крајот. Хјустон имаше двојно помалку скокови, односно само 26 во споредба со 52 на Лејкерс. Не ги служеше убаво ни шутот за 3, каде од 33 обиди, погодија 14 пати.

Следниот натпревар овие две екипи го играат за 2 дена во 02.00 по полноќ каде Лејкерс ќе ја има првата „меч-топка“.

Сподели

Можеби ќе ве интересира