Лејкерс 3, Батлер 2 – продолжена серијата од големото финале

Мајами со 111:108 го победи Лејкерс, во петтиот натпревар од серијата во големото НБА финале па моментално е на 2:3 негатива.

Џими Батлер беше надвор од теренот само неверојатни 49 секунди, откако го одигра скоро целиот натпревар со 47:11 минути во игра. Тој постигна 35 поени, а имаше 12 скокови и 11 асистенции со што оствари „трипл-дабл“ учинок. На другата страна, ЛеБрон Џејмс беше најефикасен на натпреварот со 40 поени и 13 скокови за „дабл-дабл“. Ист учинок создаде и Ентони Дејвис. Четворката на Лејкерс постигна 28 поени и имаше 12 скокови.

Дени Грин беше во позиција да му донесе титула на својот тим со шут за победа од линијата за три поени, но беше прекраток. По направениот скок во напад на Маркиф Морис, ЛАЛ забележа изгубена топка и ја испушти првата шанса.

Следниот натпревар е за два дена, на 12.10 во 01:30 часот.

Сподели

Можеби ќе ве интересира