Мајами до првата победа на грбот на Батлер

Мајами се уште не е подготвен да се предаде, затоа што со „трипл-дабл“ на Џими Батлер (3-ти во историјата со толквав број на постигнати поени во едно финале) и без Бем Адебајо и Горан Драгиќ стигна до првата победа во големото НБА финале против Лоџ Анџелес Лејкерс.

Батлер постигна 40 поени а имаше и 11 скокови со 13 додадени топки. Кај Мајами, Тајлер Хиро и Кели Олиник постигнаа по 17 поени. Во ЛАЛ, ЛеБрон Џејмс оставри „дабл-дабл“ со 25 поени и 10 скокови, а Ентони Дејвис постигна 15 поени иако на почетокот од мечот беше катастрофален со голем број на грешки.

Лејкерси успешно ја анулираа секоја позитива на Мајами, но на крајот тимот на Ерик Сполстра забележа победа од 115:104, намали на 2:1 и ја направи уште поинтересна борбата за големата титула.


Сподели

Можеби ќе ве интересира