Мајами ита кон “големото финале“

Мајами вечерва ја забележа и втората победа во втората средба со Бостон. Со конечни 101:106, Хит е на половина пат до големото финале во НБА лигата.

Првото полувреме заврши со +13 за Селтикси, а имаа и највисоки +17 пред крајот на периодот. Тие го одржуваа водството и до средината на 3/4, но, пред почетокот на последната четвртина, „жешките“ на кратка пауза заминаа со високи +7 поени разлика. Најголем временски дел останаа во водство, иако Бостон еднаш имаше +5, но предноста кратко траеше за конечните 106:101 за тимот на Сполстра.

Горан Драгиќ со 25 поени беше најефикасен во Мајами, а Кемба Вокер со 23 постигнати кошеви од кај Бостон.
Најдобри шутери за 3, на овој натпревар беа Бред Вонамејкер со 2/3, Џејлен Браун со 2/4 и Данкан Робинсон со 6/12 успешни обиди.

Третиот меч од серијата се игра во 02:30 недела наутро.

Сподели

Можеби ќе ве интересира