МЗТ Скопје го модернизираше спортскиот центар (ФОТО)

Додека се водела битка за формирање на конкурентен тим за новата сезона, управата на МЗТ Скопје Аеродром, заедно со предводниците на вториот тим и на младинската школа, со сопствени средства паралелно работеле на исклучително значаен проект – модернизирање и средување на спортскиот
центар „Ново Лисиче“.

Во прашање е спортски објект кој се користи како тренинг центар но и сала за официјални натпревари на младинските селекции на клубот од „Аеродром“. Се со цел талентите да имаат подобри услови за работа, предводниците на МЗТ Скопје, со голем напор обезбедиле средства за реновирање на салата, соблекувалните и теретаната.

Извршниот директор на МЗТ Скопје, Тони Грнчаров, во изјава за официјалниот сајт на клубот посочи:

Уште при моето доаѓање на чело на управата на клубот реков дека паралелно со борбата за најдобри можни спортски резултати и освојување трофеи, еден од приоритетите ќе ми биде и кревањето на младинската школа на највисоко можно ниво и обезбедување идеални услови за работа не само на сегашните генерации туку и на многу други кои ќе дојдат по нив. Реновирање и модернизација на СЦ „Ново Лисиче“ е еден од проектите. Уверен сум дека со вакви одлични услови, само ќе го зголемиме производството на квалитетни кошаркари, со цел МЗТ Скопје Аеродром да биде тоа што и треба да биде, а и што го заслужува – расадник на најдоброто со што македонската кошарка може да се пофали.

(ФОТО: http://mztskopjeaerodrom.mk/)

Сподели

Можеби ќе ве интересира