МЗТ Скопје ја зграпчи втората победа

Тимот на МЗТ Скопје ја зграпчи втората победа во сезоната на АБА Лига 2, откако го совлада Широки Брег со 73:80 во турнирот на Златибор.

Составот на Кочов успеа да го сопре налетот на противникот во последната четвртина и успеа да го задржи водството од првото полувреме, кое го добија со 35:41.

Најкорисен кај нашиот претставник беше Олуџоби со индекс 33. Тој за 32 минути игра постигна 24 поени, 5 скокови, 3 асистенции, 1 украдена топка и имаше 2 блокади. Гачер додаде 7 асистенции и 11 поени, а Дамјан Стојановски постигна 15. Во босанската екипа, Буљевиќ имаше 20 кошеви а Дрежњак 18.

По три одиграни рунди во првиот турнир, Работнички Скопје и МЗТ Скопје имаат учинок од по 2 победи и 1 пораз. Последните натпревари на Златибор ќе ги одиграат утре во 21:00 часот против Младост Адмирал, односно во среда од 17:00 часот против Борац Бања Лука.

Сподели

Можеби ќе ве интересира