МЗТ скоро до стотка, одлична игра против Борац Б.Л.

Тимот на МЗТ Скопје вчера во последниот натпревар од првиот турнир во АБА Лига 2 на Златибор, одигра фантастично и стигна до убедлива победа против Борац од Бања Лука со 99:75.

За составот на Кочов, ова а трета победа во низа по првиот несреќен пораз од Подгорица. МЗТ започна сигурно уште во првата четвртина па и на полувреме замина со сигурни 47:37. Борац не успеа да добие ниту еден период па и во второто полувреме нашиот учесник беше подобар со 42:38. Најефикасен со 24 поени беше Бојиќ, а со 22 го следеше Олуџоби. Одлична партија имаше и Гравет со 19 кошеви. Кај гостите, србинот Танасковиќ имаше 23 поени.

МЗТ Скопје на овој турнир ги совлада и Сутјеска и Широки Брег, па има учинок од 3 победи и 1 пораз и е на втората позиција со 7 освоени бодови. Прв тим на табелата е црногорскиот Студентски Центар со максимален учинок од 4 победи. Нашиот втор претставник, Работнички Скопје, има 2 победи и 2 порази и се наоѓа на 9-то место по последниот пораз од Младост Адмирал.

Следниот турнир со 4 рунди е најавено да се одигра во месец јануари.

Сподели

Можеби ќе ве интересира