Мирковски си замина, КК Куманово има нов тренер

Досегашниот тренер на КК Куманово, Владимир Мирковски, не се задржа долг период во клубот бидејќи си поднесе оставка по 6 месеци работа.

Мирковски го замени Петровиќ во јуни, кога пристигна од ФМП Академија. Сега, по заминувањето, на негово место ќе застане кумановецот Игор Ѓорѓиевски, кој беше помошник на скопскиот стратег.

Од неофицијални извори дознаваме дека немало најдобра соработка помеѓу голем дел од играчите со тренерот Мирковски, кои очигледно не го дадоа својот максимум на последните натпреварите во БИБЛ, но и националното првенство на Македонија.

Сподели

Можеби ќе ве интересира