НАЈАВА: Вовед во 75 јубилејна НБА сезона!

Минатата сезона, која беше најдолга во историјата на НБА, поради многуте перипетии, протести и несреќи, многумина не предвидуваа дека ќе се заврши. Но, заради одличната организација на „бабл“ турнирот во Орландо, Лос Анџелес Лејкерс ја освои првата титула по 10 години пауза, откако во големото финале беа подобри од Мајами со вкупни 4-2.

Бидејќи многу работи беа во неизвесност околу новата сезона, конечно во вторник на 22-ри декември, со натпреварот помеѓу Бруклин Нетс и Голден Стејт Вориорс, ќе започне јубилејната 75 сезона на НБА!

– Оваа натпреварувачка сезона, за прв пат ја започнуваме подоцна по онаа од 2011/2012, поради лок-аутот, 

– овогодинешното издание ќе биде скратено на 72 натпревари, 6 повеќе од последниот таков случај, а 10 помалку од вообичаено,

– регуларниот дел е предвиден да заврши на 16-ти мај,

– за првпат е планиран плеј-ин турнир, односно разигрување на тимовите кои ќе се пласираат од седмото до десеттото место во конференциите, a ќе се одржи од 18-ти до 21-ви мај. Се очекува плеј-офот да стартува на 22-ри мај, а да трае најдоцна до 22-ри јули, кога би требало да се игра 7-от натпревар од финалето (доколку дојде до него),

– поради граничните правила кои се донесени со цел заштита од корона вирусот од страна на државната администрација на Канада и рестрикциите за патување во таа држава, Торонто своите натпревари ќе ги игра во Амали Арената во Тампа, Флорида,

– ова ќе биде прв почеток на сезоната без фановите, а до кога така ќе трае се уште не е познато. Сепак, доаѓаат оптимистични сигнали од раководството на лигата и би требало да се почне со помал капацитет на гледачи веќе од следната година,

– за Oл Стар викендот во оваа сезона (кој првично беше планиран да се одржи во Индијанаполис, сепак е преместен за 2024 година) се уште нема одредено место за одигрување,

– салата во која игра Денвер, „Пепси Центар“, се преименуваше во „Бол Центар“, а истото се случи и со Феникс кој од „Токинг Стик Ресорт Арена“ го смени името во „Пе Ха Икс Арена“.

На 23-ти декември во 01:00 часот по полноќ, како што кажавме сезоната ја отвораат Бруклин Нетс и Голден Стејт Вориорс, а 3 часа подоцна, денот го комплетираат актуелниот шампион Лејкерс и градскиот ривал Клиперс.

Пишува: Мартин Младеновски

Сподели

Можеби ќе ве интересира