Најинтересни моменти: Работнички во налет, па славеше и вторпат во АБА 2

Тимот на Работнички Скопје денеска ја забележа и втората победа во третиот настап во АБА 2, откако беше подобар од Ловќен Цетиње со 82:77.

По првата четвртина, нашиот учесник имаше само 1 поен предност, но на пауза замина со 39:32. Во второто полувреме, црногорскиот тим беше поуспешен, но високата позитива од првиот дел му донесе нова победа на Работнички и подигнување на самодовербата за последната рунда која ќе се одигра на Златибор на првиот мини-турнир. Средбата е во понеделник од 21:00 часот против филијалата на Партизан од Белград, Младост Адмирал од Земун.

Најефикасен во тимот на Мираковски беше одличниот организатор на играта, Дамиер Питс со 19 поени. Зад него, Стефан Балмазовиќ имаше 18. Во Ловќен, Милутин Ѓукановиќ постигна 27 со дури 12/14 слободни фрлања.

Сподели

Можеби ќе ве интересира