На КК Куманово му послужи високото водство, изненадување во вториот натпревар

Денеска започна новата сезона од машката кошаркарска лига, и веќе бевме сведоци на два интересни натпревари каде имавме и едно изненадување.

КК Куманово оствари триумф против ТФТ Скопје, но со нервозен крај. Тренерот на Куманово, Владимир Мирковски исто така започна со победа во првата сезона од националното првенство, откако ги заменија местата со сегашниот тренер на ФМП. На полувреме, ТФТ Скопје беше во негатива со 13 поени, односно на пауза заминаа со 33:47. Третиот период им припадна на нив со 22:18, па во 4/4 влеговме со +9 за Куманово. Една минута пред крајот, играчите на Мирковски влегоа нервозно и примија 2 брзи тројки по 2 изгубени топки па домаќините намалија дури на 80:81. Во следниот напад, две слободни фрлања искористи Горјан Марковски и не дозволи неговиот тим да испушти победа од голема позитива. Младиот Андреј Митревски постигна 2 поени на 5 секунди пред крајот наместо да избори нов шут за три поени на својата екипа, па мечот заврши со конечни 82:83. За Куманово, Андрејевиќ постигна 16 поени, а Андерсон со 20 беше најефикасен за новиот суперлигаш.

Во вториот меч, составот на ФМП Академија го совлада тимот на КК Гостивар со 84:75 (48:33), со што го изненади својот противник кој денеска само на „хартија“ беше фаворит. Александар Петровиќ успешно ја започна својата прва сезона во ФМП, откако на крајот на претходната сезона дојде од тимот на Куманово. Неговата екипа имаше единствен мал пад во 3/4 но, успешно го заклучија натпреварот по водството во текот на целиот меч. Најефикасен кај домаќините беше Стефан Крстајиќ со 23 поени, а имаше и 3 скокови и 6 асистенции. Во тимот на Марјан Србиновски, Малком Армстед оствари учинок од 19 поени, 5 скокови и 7 асистенции.

Во следната рунда за седум дена, планирано е Куманово да гостува кај Работнички, а ТФТ кај Вардар.

Сподели

Можеби ќе ве интересира