НБА во Битола: Пелистер го „наполни“ Вардар за сите пари!

Пелистер и Вардар го одиграа заостанатиот натпревар од втората рунда во Првата кошаркарска лига, каде во текот на сите 40 минути, ниту еднаш не се постави прашањето околу победникот, за конечни 122:72.

Откако се комплетираше тимот со враќањето на репрезентативното крило Бојан Трајковски, без никаков попуст, „пелистерци“ одиграа крајно мотивирано и стигнаа до вториот успех во сезоната. Екипата од Битола започна фуриозно уште од самиот старт за на полувреме да има 63:31. Со такво темпо, „зелено-белите“ продолжија и во второто полувреме каде се изгледаше рутински и како на тренинг против составот на Вардар.

Најкорисен во победничкиот тим беше србинот Кесар со 19 поени и 9 скокови. Одлична партија зад себе имаа и Вилијамс со 18 поени и 9 асистенции, но и Нацевски и Малешевиќ со по 17 кошеви. Кај вардарци, се издвои американецот Прауел со 21 поен.

Ова е втора победа за Пелистер, а втор пораз за Вардар во исто толку одиграни натпревари.

Сподели

Можеби ќе ве интересира