НБА: Презентирање на тимови од АТЛАНТИК дивизија

По успешните анализи за Централната и Пацифичката дивизија, сега на ред доаѓа и Атлантикот. Во продолжение, ќе Ви ги претставиме екипите на Бостон, Бруклин, Њу Jорк Никс, Филаделфија и Торонто.

БОСТОН СЕЛТИКС

Лани Бостон испадна од Мајами во полуфиналето на Источната конференција. На сите навивачи на овој клуб уште им е врежана онаа монструозна блокада на Бем Адебајо по обидот на забивање на Џејсон Тејтум. Ќе се прашате што има ново во Бостон, па еве прочитајте во продолжение.

Дени Ејнџ по завршување на сезоната веднаш почна да ги поправа работите кои му фалат на тимот. Тоа секако е тенката клупа и недоволно добрите опции на позиција центар. Прва и основна задача оваа сезона беше продолжување на договорот со првата ѕвезда на тимот – Џејсон Тејтум. Друга работа беше ситуацијата со Гордон Хејворд. Имено, тој имаше „player option“ и се претпоставуваше дека ќе ја прифати таа опција која изнесува 35 милиони долари, бидејќи никој таа сума не можеше да му ја понуди. Хејворд на општо изненадување побара да оди на „free agency“, па на Ејнџ не му остана ништо друго туку да проба да го трејдува. Најблиску до трејд беше со Индијана, каде му беа понудени Тарнер и Ворен, но бидејќи преговорите одеа во тешка насока, оваа ситуација ја искористи Шарлот, па Хорнетси и Келтите се договорија да направат sign and trade, па така Бостон успеа да направи во капот 28,5 милиони ‘trade player exception’ (најголем во историјата на лигата), За возврат пратија пикови од втората рунда за 2023 и 2024 година.

Бидејќи не успеа преку трејд да дојде до саканите играчи, Дени Ејнџ ги доведе Тристан Томпсон и Џеф Тиг како слободни агенти. Така направи одлична работа, со оглед дека располагаше со малку „кап спејс“. Други промени во тимот се заминувањето на Кантер во Портланд, Поире во Оклахома и Вонамејкер како слободен агент во Голден Стејт. На Ојеле му е продолжен договорот, додека на драфт се изберени Нејсмит (14 пик), Причард (26 пик) и Мадар како 47 пик. Предсезонската работа на Ејнџ секако е просечна, но секако треба да ни биде на ум дека немаше многу простор во капот и дека ова е можеби најмногу што можел да го направи за тимот. Што се однесува до очекувањата, во последните четири години, три пати имаат играно конференциско финале и секогаш го имаат изгубено, така да се освен ова остварување е неуспех за клубот од Масачусетс.

БРУКЛИН НЕТС

Минатата година, Бруклин направија тектонски промени, кога ги доведоа двата Ол-Стар играчи, Кевин Дјурант и Кајри Ирвинг. Меѓутоа, повредите на Дјурант и Ирвинг, како и лошото издание оваа година, доведоа до промена на тренерот. Во март беше отпуштен Кени Еткинсон, а на негово место дојде Џек Вон. Во септември беше објавено дека управата се договорила со легендата на НБА, Стив Неш, да биде тренер на екипата. Во стручниот штаб му се придружи Вон како асистент, а уште едно звучно засилување е Мајк Д’Антони, кој го напушти Хјустон. Вон би требало да се грижи за дефанзивата, Мајк Д’Антони за офанзивата, а Неш за тимскиот дух. Бидејќи многу пикови испратија во претходните години, ГМ-от немаше голем избор. Плус на ова треба да се додаде дека на некои битни играчи и да се засили клупата. Трејдуваа за потценетиот Лендри Шамет, кој е одлична втора опција спот ап шутер, доведен е и  Брус Браун, резервен комбо бек, потпишан е и ветеранот Џеф Грин, а најважна задача беше продолжување на договорот со миленикот на публиката – Џо Харис, кој доби договор на 4 години за 75 милиони евра (ќе видиме што ке се случи со можниот трејд на Харден, но не веруваме дека ова ќе се реализира).

Кога ќе видите дека во тимот ги имате Кевин Дјурент и Кајри Ирвинг, само една работа ви паѓа на памет – титула! Тука се и квалитетните ДеАндре Џордан, ЛеВерт, Харис, Ален, како и квалитетната клупа. Сепак, најбитен фактор е здравјето на играчите. Дјурент се враќа од тешка повреда, ЛеВерт е исто така „injury prone“, a ништо подобар не е ни Кајри. Со оглед дека испаднаа во четврт-финалето на источната конференција, Нетси имаа време да се подготват, па ќе видиме на што ќе личат оваа сезона.

ЊУ ЈОРК НИКС

Најголемиот дел од работата е завршена надвор од теренот, а тоа доведување на Леон Роуз на председателското место, а со овој чин значеше и големи промени во тимот. “Надворешен соработник” бидна Весли Вилијамс, а помошник на генералниот менаџер Валтер Перин. За тренер е доведен Том Тибодо, кој после 17 години се враќа во градот на „Големото јаболко“. Стручниот штаб е засилен со Џони О´Брајант, Кени Пејн и Мајк Вудсон. Иако на драфтот се очекуваше да одберат плејмејкер, сепак го одбраа најдобриот играч на располагање – Оби Топин, како 8-ми пик, за кого се прогнозира дека е новиот Блејк Грифин. Со него се изберени и два комбо бекови, Имануел Квикли како 25-ти пик и Мајлс Пауел.

Во погледот на пазарување со слободни агенти, Њу Јорк беше многу воздржан. Иако имаа огромна количина на пари, реално немаа на кого да ја потрошат. Го зедоа шутерот Алек Буркс, кој лани во Фили и Голден Стејт ја оживеа кариерата, Остин Риверс од Хјустон и Нерленс Ноел, уште еден играч кој лани се врати во вистинска форма.

Никси ги напуштија Гибсон, Портис, Харклес, Елингтон, Дотсон и Вутен, но тие се од категоријата за кои никој нема да жали. Како и да се погледне, одлично е што сочуваа место во селери капот и почнаа од почеток.

Може мирно да почнат во сезоната без никакви очекувања. Франшизата конечно е сложена под конец, имаат одличен тренер со квалитетни помошници и многу млади играчи со кои може да се работи. Така на оваа сезона треба да се гледа како на една почетна точка во вистински правец, можеби пет години доцнат, но секогаш има време да се крене по патот на успехот.

ФИЛАДЕЛФИЈА 76ЕРС

Дефинитивно најголема промена во франшизата се случи надвор од теренот. Со доаѓањето на Дарл Мори и Док Риверс, дефинитивно ќе се променат размислувањата во франшизата и најверојатно ке влијаат на подобри работи.

Иако потпиша два штетни договори, генералниот менаџер Бренд доби продолжување на соработката, но со доаѓањето на Мори на позицијата претседател, за кошаркарските операции ќе има помало влијание.

Што ќе донесе пак Док на клупата? Тој е познат како одличен мотиватор и некој кој знае да “разговара” со неговите гирачи и да ги разбере нивните потреби. Неговото доведување е последен обид да се извлече максимумот од сегашниов ростер, т. е. да се дознае дали Ембид и Симонс може да соработуваат на начин кој екипата ќе ја одведе до финалето на лигата.

Освен овие промени, се ослободија и од еден лош договор (Хорфорд), додека Харис и понатаму ќе стои како камен околу вратот и тешко дека ќе се ослободат од него, бидејќи нема кој да го превземе. За Хорфорд го добија Грен, кој е во надолна линија на формата, но договорот му истекува следната година. Во тој трејд го добија и Поирие (кој и понатаму ја чека својата шанса) и младиот Фергусон. Фила остана без проверениот Ричардсон кој во еден период беше најдобар играч минатата сезона, а го доведоа Сет Кари, братот на Стеф Кари, кој е подобар шутер од Џош. Што се однесува на драфтот, како 21-ви пик го собраа Тајрес Макси. Треба тука да го споменеме и Двајт Хауард, еден од членовите кој на Лејкерс му ја донесе шампионската титула.

Кога се во прашање очекувањата, навивачите од „Градот на љубовта”, најмногу очекуваат финале на Источната конференција. Истокот оваа сезона ќе е посилен од минатата сезона.

ТОРОНТО РЕПТОРС

Го намалија бројот на играчи и се преселија. Поради пандемијата и 14 дневниот престој во карантин при влез и излез од Канада, се преселија привремено во САД. За разлика од најладниот град кад се играше НБА, добија место каде зимите се потопли, во Тампа Беј.

Прашање е како ќе се одрази оваа селидба на нив, бидејќи се единствена екипа која нема да настапува во својата сала. Од тројцата клучни играчи кои станаа слободни, го задржаа само Фреди Ван Флит, кој доби 85 милиони долари за 4 сезони. За очекување беше Ибака или помладиот од браќата Гасол да си одат. Но, не и двајцата. Можеби не е губиток поради играчи кои играат на иста позиција, колку е губиток поради тоа што се дефанзивни лидери и тоа е многу тешко да се надополни.

Наместо нив, дојдоа Бејнс и Лен, можеби и најдоброто нешто што можеше да се собере на пазарот. На драфтот го одбраа Малахи Флин, кој е играч на бековските позиции, како 29-ти пик, а исто го одбраа и Џејлен Харис како 59-ти пик.

Губењето на Ибака и Гасол е поголемо од губењето на Ленард. Со овие двајца беа одлична екипа, но и Ник Нурс е голем гениј, па секако може да направи некоја магија. Бејнс ке биде корисен кога ќе игра против своите конкуренти. Нов играч во ротацијата е Мет Томас, од кој се очекува да биде новиот Џеј Џеј Редик. Ако нешто е сигурно, тоа е дека ќе имаа уште една сезона во Топ 4 на Истокот. За тоа, би требало да видиме нешто повеќе од Паскал Сијакам, кој треба да ја подобри играта во одбраната.

Пишува: Мартин Младеновски

Сподели

Можеби ќе ве интересира