НБА: Претставување на тимови од ЦЕНТРАЛНА ДИВИЗИЈА

Веруваме дека секој што следи НБА и има свој омилен тим, знае дека тимовите се поделени во Западна и Источна конференција, но и по дивизии.

Имаме вкупно 6, и тоа: Централна, Атлантичка, Пацифичка, Југоисточна, Југозападна и Северозападна дивизија. Денеска почнува со презентација и претставување на тимовите од централната дивизија, а до самиот почеток на новата сезона ќе ги обработиме и останатите 5.

ЦЕНТРАЛНА ДИВИЗИЈА:

MИЛВОКИ БАКС

Минатата година потфрлија, исто како и претходната, само што овој пат беа сопрени во полуфиналето на источната конференција кога загубија со убедливи 4-1. Во регуларниот дел беа најдобри, а Јанис пак ја освои наградата за најкорисен играч проследена со таа за најдобар дефанзивец.

Џон Хорст, генералниот менаџер имаше една огромна задача ова лето, а тоа е да го наговори Јанис Адетокумбо следната година да потпише нов договор и да остане верен на екипата од Висконсин. Слабото издание во продолжението на сезоната, минатата година, отвори шпекулации дека „Грик Фрик“ може да си замине како слободен играч следната година. За да не дојде до ова, Хорст во трејд го донесе Џру Холидеј, а во обратна насока, кај Њу Орлеанс отидоа Бледсо, Џорџ Хил и три пикови од првата рунда на драфтот. Холидеј е подобар во двете насоки од Бледсо, но факт е дека прелесно се откажаа од Хил, кој минатата сезона имаше 45% од шутот за три поени. Од Орландо пристигна уште еден плејмејкер, Ди Џеј Аугустин, кој потпиша трогодишен договор. Клупата ја засилија Брајан Форбс, бивш играч на Сан Антонио, Крег (Денвер) и Боби Портис, кој во претходните клубови покажа дека може на него сериозно да се смета. Не смее да се заборави ни Ник Стаускас кој сака да докаже дека е НБА материјал. Пет Конаутон потпиша нов договор, а на драфтот е изберен нигериецот Џордан Нвора, како 45-ти пик и Сем Мерил како 60-ти. Освен двојката која ја споменавме пред малку, оваа франшиза ја напуштија и турчинот Ерсен Иљасова, послабиот од браќата Лопез, Робин, а во пензија отиде Марвин Вилијамс. Сепак, најболно заминување е она на Весли Метјус, кој кариерата ке ја продолжи во шампиоскиот тим на Лејкерс. Она што сакаше исто така Хорст да го направи, а не успеа е да го доведе Богдан Богдановиќ, кој на крај се реши да оди во Атланта.

Дали се променило нешто во амбициите? Не! Бакси и оваа сезона се контендер. Иако не е благодарно да се прогнозира, но екипата која во своите редови ги има Јанис, Мидлтон, Холидеј, Лопез и онаа добра клупа со право е сметана за фаворит број еден на Истокот. Доволно добро се сложени да се прошетаат додека трае регуларниот дел. Но, што понатаму? Се разбира, зависи од нив самите, ако го повторат упсехот како од претходните две години да бидат први во конференцијата и да имаат најдобар учинок, тогаш ке имаат и предност на домашниот терен дури и во големото финале.


ИНДИЈАНА ПЕЈСЕРС

Eдна од најнеактивните екипи на пазарот беа токму Пејсерс. На free agency беа прилично неактивни, додека на драфотот имаа право на еден избор и тоа во втората рунда, а изборот падна на Касиус Стенли. Фигурираа како една од дестинациите во кои може да пристигне Гордон Хејворд, но за нивна среќа тој заврши во Шарлот и така го избегнаа потенцијално најлошиот договор во историјата на НБА.                 

Најголемата промена во оваа франшиза се случи во стручниот штаб, иако минатата сезона завршија на четвртото место, поразот во првата рунда од Мајами му пресуди на тренерот Нејт МекМилан. Како негова замена е доведен Нејт Бјоркгрен, кому му е ова прв ангажман како главен тренер. Бјоркгрен доаѓа од Торонто, каде му беше еден од помошниците на Ник Нурс. Нови играчи се и Килејн Мартин и играчот кој дојде по трејдот со Феникс, Џејлен Лек.

Што се однесува до очекувањата се зависи од тоа дали играчите ке бидат здрави. Бековскиот тандем Брогдон-Оладипо, лани одиграа малку натпревари поради повреди. Реално е да се очекува влез во доигрувањето, но покрај силната конкуренција на Истокот, се очекува испаѓање во првата рунда, се повеќе од ова е успех за овој тим.

ДЕТРОИТ ПИСТОНС

Новиот генерален менаџер на Детроит, Трој Веавер, донесе неколку важни одлуки. Направи дури 16 трејдови и тоа на центарската линија. На драфт го избраа Килиан Хејс како 7-ми пик, Исаија Стјуарт како 16-ти, а од позицијата 19 ги засили Садик Беј. Од Детроит дојдоа Пламли и Грент, а од Њу Орлеанс Пеликанс дојде Џејхил Окафор. Преку трејдови со многу екипи од лигата, логично дојдоа и многу нови играчи. Од Далас пристигна бекот Делон Рајт, а од Бруклин дојде босанскиот репрезентативец Џанан Муса. Во Детроит ќе игра и големата надеж Џек Џонсон од Мемфис, пикот од втората рунда од минатата година и литванецот Деивидас Сирвидас.

Сигурен во прва постава е само најголемата ѕвезда на тимот, Блејк Грифин. Она што е исто така добро за овој тим е што тренерот Двејн Кејси има многу млади играчи, нешто што го работи најдобро. Пласман во плеј-ин, односно на деветто и десеттото место е тешко, па ако се пласираат тука би било пријатно изненадување.


КЛИВЛЕНД КАВАЛИРС

Шампионот од 2016 година, уште на плеќи го носи бремето на најголемиот играч кој заиграл во овој клуб, ЛеБрон Џејмс. Како што сите знаеме, поради Ковид-19, и оваа франшиза својот последен натпревар го изигра во март. Освен вестите за можен трејд на најголемата ѕвезда Кевин Лав, кој покрај Метју Делаведова е единствен играч од шампионската генерација, други вести немаше. Како петти пик на драфтот, „коњаниците“ го одбраа Исак Окоро, кој важи за добар дефанзивец и во кого го гледаат следниот Андре Игудала. Во фри-ејџент периодот, „кавси“ направија трејд со Лејкерси. Во градот на „ангелите“ го испратија Ламело Бол, а за возврат го добија Џавал МекГи. Сите трејдови имаа за цел да соберат што повеќе пикови, па така Кливленд во следните 7 драфтови има право на 18 пикови. Потпишани се уште Демиен Дотсон и Тон Мејкер, а успеаја да го задржат и Андре Драмонд, кој може да биде корисен.

Што се однесува до очекувањата – лош почеток, поради долгата пауза, но подобри изданија како лигата одминува.

Пишува: Мартин Младеновски

Сподели

Можеби ќе ве интересира