НБА: ЈУГОЗАПАДНА ДИВИЗИЈА

Последна дивизија од вкупно 6 во НБА лигата – Југозапад. Новата сезона започнува вечерва во 1 часот по полноќ со дуелот помеѓу Бруклин и Голден Стејт. Подоцна, од 04:00, се игра градското дерби каде силите ќе ги одмерат Лејкерс и Клиперс. Директен пренос и од двете средби ќе има на регионалниот канал Арена Спорт 1.

ХЈУСТОН РОКЕТС

Во првата рунда од плеј-офот ги поминаа Тандерс по играње на мајсторка, меѓутоа во полуфиналето беа сопрени од идниот шампион Лејкерс.

Оф сезоната да не биде досадна се потруди да ја направи првата ѕвезда на екипата. Сам бараше трејд, бидејќи беше незадоволен од моменталната ситуација. Не би не чудило во следните неколку дена да заврши во некој трејд, а фаворити се Бруклин и Филаделфија и ова решение би било добро за двете страни. Понатаму, распадот започна по заминувањето на тренерот Мајк Д’Антони кој се одлучи да му биде помошник на Стив Неш.  По него, генералниот менаџер Мори отиде во Филаделфија. Уште нешто што укажуваше дека не е се како треба е трејдот на Расел Вестбрук за Џон Вол од Вашингтон. Тимот го напуштија и добрите играчи Остин Риверс и Роберт Ковингтон, додека пак, пристигнаа ДеМаркус Казинс и Кристијан Вуд. Изборот за нов тренер падна на Стивен Силас. Буквално очекувањата зависат и од останувањето на „Брадата“. Треба да се спомене и дека Вол нема играно натпревар две години, па прашање е во каква форма ќе биде. Така да, нивниот пласман може да го поделиме на две претпоставки. Првата ако Харден си оди, тогаш сигурно ќе се борат за подобар избор на драфтот. Другата е ако остане, тоа значи минимум играње на плеј-оф.

Оваа слика има празен alt атрибут; Името на датотеката е image-20.png

ДАЛАС МАВЕРИКС

Минатата година, Мавси играа плеј-оф после 4 години пауза, каде изгубија од Клиперси во првата рунда. Целта за оваа сезона им е околу Дончиќ да направат подобар тим. Тексас го напуштија Сет Кари и Делон Рајт, а дојдоа Џош Ричардсон, Весли Ивунду и Џејмс Џонсон, играчи по вкусот на тренерот Рик Карлајслголеми работници. Нови договори потпишаа Тре Бурк, Вил Коули и Џеј Џеј Бареа. На драфтот е одработена одлична работа. Како 18-ти пик е изберено атлетското крило Џош Грин, како 31-ви пик Трел Тери, а како 36-ти пик е избран Тајлер Беј. Сепак, најкрупна промена имаше во стручниот штаб, каде Стеф Силас кој беше задолжен за креирање на нападите ја прифати понудата на Хјустон Рокетс.

Многу работи се во игра, а најмногу зависат од здравјето на летонецот Кристапс Порзингис, кој ќе го пропушти почетокот на сезоната. Тандемот Дончиќ-Порзи можат да го добијат секој тим во лигата, кога се здрави. Исто така треба да се спомене и дека резервниот центар Двајт Пауел има проблеми со Ахиловата тетива. Лука оваа сезона се очекува да продолжи со истите партии како лани, па не е за очекување и полуфинале на Западот, иако најреално и најминимално е влез во плеј-офот.


Оваа слика има празен alt атрибут; Името на датотеката е image-21-840x542.png

САН АНТОНИО СПАРС

Петкратниот шампион на НБА, кој само првата титула ја oсвои на крајот на минатиот век, минатата година ја заврши прв пат по 23 години без место во плеј-офот. Се што се случуваше во оваа франшиза, т. е. сите нови аквизиции беа донесени преку драфтот. Како 11-ti пик го одбраа Девин Васел и тоа е прв пат да одберат висок пик. Последен им е оној 1997, кој им ја донесе легендата на франшизата, погодувате Тим Данкан. Уште еден пик, Тре Џонс кој од позицијата 41 долета во клубот од Тексас. Од играчите кои си заминаа се Марко Белинели, кој се врати во Европа и Брин Форбс кој отиде во Милвоки. Значи од она што гледаме, Поп им верува на своите момци. Играчи кои нови договри добија се Џејкоб Петл и Дру Еубанкс.

Иако многу се песимисти, сепак доигрувањето е сон на сите навивачи на Спарси. Доволно е да се види дека ги имаат Олдриџ и ДеРозан. Она што може да биде утеха е дека Поп ‘е развие барем уште еден талентиран играч, како што го направи со Андерсон и Бертанс, кои се стартери во Мемфис, односно Вашингтон.

МЕМФИС ГРИЗЛИС

Преодниот рок се одвиваше многу тивко во престолнината на рокенролот, после изненадувачки добро одиграна пандемиска сезона која се заврши со пораз во плеј-ин турнирот. Сите четири нови играчи во ростерот се „руки“, а недоведувањето на нови аквизиции во прв план го става продолжувањето на ребилдингот околу Џа Морант и Џарен Џексон.

Најзбучно име е пикот број 30 на овогодинешниот драфт, Дисмонд Бејн, шансата за подобро место е препуштена на Бостон, поради заборавениот трејд на Џеф Грин од 2015 година, но Бејн може да не’ изненади пријатно. Другиот руки Ксавиер Тилман е сестран крилен центар. Нови играчи се и Тили и МекДермот, додека петиот, Марио Хезоња, веднаш доби отказ, без воопшто да почне тренинзи со екипата. Играчите кои заминаа се Џош Џексон, Ватанбе и Толивер. За споменување е и новиот договр кој го доби Де Антони Мелтон и кој изнесува 36 милиони долари за 4 сезони.

Иако лани изненадија пријатно, сепак оваа година е недостижен влезот во плеј-офот. Поради две работи: првата – младоста на екипата, иако се доста талентирани. Втората, Џејрен Џексон, кој ќе го пропушти првиот дел од сезоната поради повреда. Валанчијунас, Кларк и можеби Џорџи Диенг ќе ја покријат таа празнина, но неговиот шута за три, многу тешко. Треба да се спомене дека и конкурентите Феникс и Портланд се засилени, па плеј ин турнирот кој веќе го играа делува како плафон за оваа франшиза.

Оваа слика има празен alt атрибут; Името на датотеката е image-23.png

ЊУ ОРЛЕАНС ПЕЛИКАНС

Mинатата година добија шанса во баблот во Орландо да се борат во плеј ин, но беа далеку од местото кое води таму. Неколку пикови и два добри стартери, означија крај на ерата на еден играч, легендата на клубот, кој беше со најдолг стаж. Во замена за човекот за кого станува збор, Џру Холидеј, пристигна Ерик Бледсо, од Милвоки, а со него стигнаа и Џејсон Момо и Стивен Адамс од Оклахома. Така Пеликанс за две години може да ги стават како мамец во можен трејд, а и шанса да доведат некој суперстар, бидејќи селери капот ќе им биде чист. Исто така, дојде и Вили Хернангомез, центар кој ќе биде од огромна корист.

Главната работа сепак е завршена со продолжување на договорот на Брендод Инграм, играчот кој го покажа сиот свој потенцијал и заработи покана на Ол Старот, иако бројките му паднаа со враќањето на Зајон. За овие партии, ја доби и наградата за играч кој највеќе напредувал, сосема заслужено. На драфт, како 13-ти пик го одбраа плејмејкерот Кира Луис Јуниор. Третата најважна промена во оваа оф сезона е тренерот. Елвин Гентри доби отказ, а на негово место дојде стариот волк Стен Ван Ганди, кој не се прослави во Детроит, но се сеќаваме по добрата работа што ја правеше во Орландо. Одбраната година беше голем проблем, но со доаѓањето на Бледсо и Адамс, обој проблем би требало да биде решен.

Младите засилувања, Зајон и Инграм, како и дополнителниот развој нa младите играчи покрај новиот тренер ќе гарантираат топ напад за Пеликаните. Ако успее Ван Ганди да го смени начинот во одбраната, тогаш местото во плеј ин доигрувањето не би требало да биде проблем, и покрај силната конкуренција на Западот.

Оваа слика има празен alt атрибут; Името на датотеката е image-24.png

Пишува: Мартин Младеновски

Сподели

Можеби ќе ве интересира