Немаше кој да застане на патот на Ентони Дејвис, Лејкерс на 2:0

Лос Анџелес Лејкерс беше поуспешна екипа и во вториот натпревар од големото НБА финале против ослабениот Мајами.
Од самиот почеток без Горан Драгиќ и Бем Адебајо, но со подобар резултат од првиот дуел: 114:124.

Под обрачите доминираше Ентони Дејвис со 32 поени и 14 скокови.
ЛеБрон Џејмс натпреварот го заврши со 33 поени, 9 скокови и 9 асистенции па не успеа да оствари ниту „дабл-дабл“ учинок. На другата страна пак, тоа го стори Џими Батлер со 25 поени и 13 скокови. Од голема помош му беше Кели Олиник со 24 поени и 9 скокови.

Вреди да се напомене одличната партија на Ражон Рондо кој додаде 10 асистенции на постигнатите 16 поени.
Кај Лејкерс, Кентавиус Калдвал Поуп “се обиде да и помогне“ на екипата на Мајами со шут за три поени 2/11. Но, за негова среќа имаше соиграчи кои беа на нивото на задачата.

Следниот дуел се игра на 05.10 во 01:30 часот, а Адебајо верува дека ќе биде подготвен. За Горан Драгиќ се уште не е познато.

Сподели

Можеби ќе ве интересира