Нова “мајсторка“ во НБА, најзаслужен беше Јокиќ

Со 34 поени, 14 скокови и 7 асистенции, Никола Јокиќ заедно со својата екипа обезбеди 7-ми натпревар за влез во “малото“ финале на западната конференција. За него, Мајкл Портер Јр. изјави дека оваа вечер тој бил најдобриот играч во светот. Тимот на Денвер ги совлада Клиперс со 111:98.

Екипата на Док Риверс имаше неверојатни 19 поени разлика на почетокот на 3/4, но потоа се случи огромен пресврт, па до крајот темпото беше диктирано од страна на играчи на Денвер. Џамал Мареј и Никола Јокиќ “танцуваа“ по теренот. За скоро 40 минути во игра, Јокиќ постигна 4 тројки, а Мареј беше зад него како најкорисен играч со 21 поен, 5 скокови и 5 аситенции.

Вреди да се напоменат и одличните партии на Џорџ и Ленард, кои постигнаа 33 односно 25 поени.

Седмиот натпревар се игра за 2 дена. Иако од самиот старт, тимот на Клиперс е фаворит во овој двобој, останува да видиме кој ќе му се приклучи на Лос Анџелес Лејкерс во финалето на западната конференција.

Сподели

Можеби ќе ве интересира