Нови откажани натпревари во Евролига

На терен во петтата рунда нема да излезат кошаркарките на Зенит и Армани, кои својот меч требаше да го одиграат во четврток во Санкт Петербург. Натпреварот е одложен на барање од Зенит, кој нема доволен број на играчи за одигрување на мечот.

Исто така, и Алба Берлин во четврток требаше да ја пречека Басконија, но и тој натпревар нема да се одигра на барање на домаќините. Одложен е и дуелот помеѓу Ефес и АСВЕЛ во Истанбул кој беше закажан во петок од 19:30 часот. Се уште големи проблеми со изолирани играчи имаат французите.

Вирусот стана огромен проблем за екипите и организаторите од почетокот на новата сезона, па раководството на Евролигата првин им доделуваше службени победи на екипите кои се подготвени за одигрување на натпреварот, а ги казнуваше тимовите кои не се во можност да излезат на паркетот.

Но, по големиот притисок од јавноста и жалбите на клубовите кои очигледно се оштетени бидејќи не поради нивна волја се во проблеми, Евролига го смени правилото. Сега автоматски натпреварите се одложуваат и се бара нов термин.

Сподели

Можеби ќе ве интересира