Нов распоред во БИБЛ за натпреварите на Куманово и ТФТ – како ќе се игра следната фаза?

Менаџментот на Балканската лига, ги информираше учесниците во ова издание на регионалното натпреварување, дека се направени неколку нови промени во распоредот.

Сите натпревари од „балканската група“, но и онаа која се игра во Израел, треба да финишираат најдоцна до крајот на првата недела на февруари. Потоа, првопласираните четири екипи од „балканската“ заедно со најдобрите две од „израелската“ ќе формираат нови две групи по три екипи, во кои не може да играат екипи од една иста земја. По одигрувањето на шесте мечеви во двете групи, односно втората фаза, која ќе се игра во периодот од 9-ти февруари до 7-ми април, првопласираните две екипи ќе играат на завршниот турнир, „Фајнал Фор“, кој е планирано да се игра во периодот од 16-ти од 18-ти април 2021 година.

ТФТ има одиграно 8 средби, каде забележа само 2 победи, а Куманово е со половичен успех од 2 победи и 2 порази па по малиот број на мечеви, кумановчани веќе утре го пречекуваат Ибар од Рожаје, со почеток во 17:00 часот.

Распоред на натпреварите во регуларниот дел, кои се планирани да се одиграат доколку нема нови здравствени проблеми:

05.01: Куманово – Ибар

12.01: Берое – Куманово

13.01: ТФТ – Теодо

14.01: Академик  – Куманово

26.01: Теодо – Куманово

28.01: Ибар – Куманово 

02.02: Куманово – Берое

03.02: ТФТ – Ибар

Сподели

Можеби ќе ве интересира