Одложен стартот на новата кошаркарска сезона

Новата натпреварувачка сезона 2020/2021, во машката кошаркарска Суперлига на Македонија, наместо на првобитниот планиран термин 3-ти октомври, ќе започне седум дена подоцна односно на 10-ти октомври.

Ова е одлуката која на заедничкиот состанок ја донесоа раководството на Федерацијата и претставниците на клубовите од Првата машка лига. Двете страни заклучија дека поради е потребно одложување на стартот на новата сезона за седум дена.

Ова највеќе се темели на позитивниот тест на играчот на Работнички, Демиер Питс.

Сподели

Можеби ќе ве интересира