Падна и Ибар – КК Куманово се враќа дома со максимален учинок и втора фаза во БИБЛ!

Кошаркарскиот клуб Куманово со резултат 66:82 го совлада црногорски Ибар од Рожаје и обезбеди втора фаза во регионалното БИБЛ натпреварување.

Со втората победа за помалку од 24 часа, КК Куманово е со 5 победи и 4 порази во „балканската лига“, односно Група Е. Со овој успех, тимот обезбеди учество во втората фаза односно Топ 4 од оваа група, без разлика на резултатот од последната рунда со бугарски Берое. Куманово повторно одигра сигурен натпревар и ги освои сите квартали.

Кумановци се враќаат на обврските во домашното првенство, каде ги очекува пресметка со моментално озбилната ФМП Академија. Дуелот со Берое е планирано да се одигра на 02.02.2021 година од 19:00 часот, во спортската сала на економското училиште „Перо Наков“ – Куманово.

За втората фаза, противниците, распоредот и начинот на одигрување, нешто подоцна.



Сподели

Можеби ќе ве интересира