Пелистер гази се пред себе, нова „стотка“ – четврта по ред!

Кошаркарскиот клуб Пелистер, гази се пред себе и тоа убедливо – по четврти пат, постигнува повеќе од 100 поени.

Најновата жртва на битолскиот тим беше Црн Дрим, кој на домашен терен загуби со огромни 70:102. Пелистер беше сконцентиран на вчерашниот дуел, па уште на полувреме имаше позитива од 33:54. Домаќините се обидоа да пружат минимален отпор во вториот дел, но безуспешно. Најефикасен играч на натпреварот беше Кесар со 26 поени, а друштво во офанзивата му правеше Малешевиќ, кој постигна 20. Во екипата на Црн Дрим, Клусен имаше 16, Атанасов 15 а Скекиќ 14.

Како што кажавме, Пелистер е на максимален учинок од 4 победи, а за Црн Дрим ова е 4 пораз во петтиот одигран меч.

Во останатите натпревари од 9-та рунда, ФМП го совлада ТФТ со 87:75, а Гостивар го прегази Вардар со 91:53. Поради позитивни случаи во КК Куманово, планираната средба со МЗТ Скопје се одложи. Не се одиграа ниту МЗТ 2 – Работнички и Еуро Никел – Кожув.

ФОТО: Димитар Петковски

Сподели

Можеби ќе ве интересира