Пелистер го пречекува одличниот Гостивар, ќе има ли Еуро Никел лесна задача!?

Неколку одложени натпревари од минатата година, денеска и утре ќе комплетираат две рунди. Три натпревари од број шест, но и еден во текот на утрешниот ден како дуел од број четири.

Денешната програма би требало да ја одбележи средбата во Битола од 18:30 часот, каде лидерот во првенството, екипата на Пелистер, го пречекува Гостивар, состав со три победи во низа и скор 6-3. Претходно, од 16:00 часот, во Струга, ќе играат Црн Дрим Грин Мобиле и Еуро Никел 2005, а во Гевгелија од 17:30 часот, Кожув е домаќин на екипата на МЗТ Скопје Уни Банка.

Ден подоцна, во четврток од 19:30 часот е можеби и најинтересниот дуел – оној во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ каде екипата на МЗТ Скопје Аеродром е во улога на домаќин на екипата на ТФТ Скопје.

ДЕНЕСКА: 6 РУНДА

(16:00) Црн Дрим Грин Мобиле – Еуро Никел 2005
Сала на СЦ „Тими“ – Струга

(17:30) Кожув – МЗТ Скопје Уни Банка
Сала „26 април“ – Гевгелија

(18:30) Пелистер – Гостивар
Сала „Боро Чурлевски“ – Битола

УТРЕ: 4 РУНДА

(19:30) МЗТ Скопје Аеродром – ТФТ   (МРТ 1)
Мала сала на СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

Сподели

Можеби ќе ве интересира