Пелистер го уништи Куманово, Еуро Никел славеше во дербито со МЗТ!

Во Битола имавме сигурна и убедлива игра на домаќините, па Пелистер го уништи Куманово. Во Скопје, Еуро Никел славеше над МЗТ во дерби дуелот за оваа рунда.

КК Пелистер го совлада гостинот Куманово со огромни 113:75 и повторно успеа да достигне и да ја надмине фамозната „стотка“. Погодија дури 15 тројки, а разликата на полувреме беше 17 поени. Куманово со играта не покажа дека е подготвен за намалување на разликата, а не пак да направи сензација во вториот дел, па Пелистер отиде до крај и забележа лесна победа во третата рунда. Тие остануваат непоразени, заедно со екипата на Работнички. Најрасположен во победничкиот тим беше Бобан Стајиќ со 26 поени и 7 асистенции. Во Куманово, прв на листата беше Рос со 17.
Во Скопје, Еуро Никел оствари победа над силниот МЗТ со 75:87. Гостите ја добија последната четвртина со 14 разлика и убедливо им припадна второто полувреме. Екипата од „аеродром“ сега има учинок од 1 победа и 2 порази, а Еуро Никел е на 3-1. Дарко Соколов имаше одлична партија и постигна 30 поени, со 6 скокови, 2 освоени топки и 2 асистенции.

Се одигра и натпреварот помеѓу Вардар и ФМП, но во сенка во терминот од 17:00 часот. Победата ја однесе гостинскиот состав со тесни 79:82. Крстајиќ беше предводник и за 28 минути игра имаше 26 поени.

Сподели

Можеби ќе ве интересира