Пелистер до нова „стотка“ и просек 100.1, Куманово со нов тренер во нов пораз!

Денеска на програмата од Првата машка кошаркарска лига имавме четири натпревари во рамките од 12-та рунда, каде добивме интересни и „високи“ резултати.

Денот го отворија екипите на Црн Дрим и Вардар, во неизвесен дуел кој се играше во полно темпо, а домаќините снемаа сили во последниот период. Екипата на Вардар славеше со 68:81, и ја оствари втората победа по 10 одиграни мечеви. Прв на листата на стрелци беше Ташковски со 25 поени.

Во терминот од 17:00 часот, Куманово со нов тренер, го пречека тимот од скопско Тафталиџе, ТФТ. Игор Ѓорѓиевски дебитираше со пораз во својот прв настап како стратег на својот локален клуб. На полувреме, ТФТ имаше предност од 40:48, па тоа и успеа да го одржи до самиот крај, кога завршниот резултат на семафорот беше 88:94. Андерсон постигна 21 поен, а Херис беше веднаш зад него со 20. Кај домаќините, Рос беше најефикасен со 18, а вреди да се спомене и „дабл-дабл“ учинок на Андрејевиќ – 16 поени и 13 скокови.

Гостивар ја пречека ФМП Академија од 18:00 часот, и ја почести со високи 92 поени, па продолжи со одличните игри за 6-та победа во сезоната. За 81 поен на гостите, се погрижија: Крстајиќ со 29, Двојаковски со 19, Херис со 14 и Темелковски со 13. Останатиот дел од тимот не беше најрасположен и не можеше да им помогне на најефикасните играчи во поразот. „Гостиварци“ го имаа Американецот Тајрел Фрајдеј со 29 поени и 10 скокови, но и Александар Костоски кој постигна 14 поени и додаде дури 10 топки. Вокер на крајот од натпреварот имаше 19 поени.

Во последниот меч од денот, Пелистер со нова стотка го совлада Кожув, 102:81. По 10 одиграни рунди, успеа да стигне до цифрата од 1001 постигнат кош, што во просек е 100.1 по натпревар за да биде апсолутен лидер на табелата со 9/1 учинок. Најефикасен беше Силаџи, од тимот на Кожув. За „пелистерци“, Стајиќ постигна 23, а Кесар 20,

Вчера, Еуро Никел рутински го победи вториот тим на МЗТ Скопје со 90:79.

Сподели

Можеби ќе ве интересира