Пелистер со нова „стотка“, но и Гостивар знаеше да игра – НБА во Битола, за 111:115 на самиот крај!

Екипите на Пелистер и на Гостивар одиграа неверојатен натпревар и можеби најефикасен во историјата на македонската кошарка, кога станува збор за регуларните 40 минути.

Се играше со брзо темпо, „наместени нишански справи“ и пред се, со слаба одбрана. На полувреме, предност имаше домашниот тим на Пелистер со 56:52. Третиот период им припадна убедливо на гостите со дури 20:37, за да во последната четвртина, „зелените“ успеат само да намалат на 4 негатива за втор пораз во оваа сезона.

Најефикасен убедливо беше Ивица Димчевски со 35 поени и 9 скокови, а кај домаќините се издвоија Трајковски и Малешевиќ со по 21 постигнат кош.

Гостивар ја продолжува серијата на успешни резултати, па сега е во низа од четири победи за вкупен учинок од 7-3 и втора позиција во лигата.

Сподели

Можеби ќе ве интересира