Петровиќ со ФМП го сруши поранешниот клуб

ФМП Академија го совлада КК Куманово на домашен терен со 91:89, во неизвесна завршница. Поранешниот тренер на Куманово, Александар Петровиќ, го победи сегашниот тренер a бивш на ФМП, Владимир Мирковски со што се изедначија на бодовното салдо.

Тренерите направија рокада на крајот на претходната сезона, но во првата средба поуспешен беше повозрасниот стратег. ФМП до победата стигна по неизвесна завршница и шутирање на голем број на слободни фрлања. Последната четвртина ја добија со 24:19 и ја однесоа во своја полза разликата. На полувреме, тимот од Куманово имаше водство од 42:45.
Најефикасен во домашниот состав беше Стефан Крстајиќ со 32 поени и висок индекс од 36. Кај гостите, Александар Андрејевиќ оствари „дабл-дабл“ учинок со 24 поени и 13 скокови. Јован Црниќ постигна еден помалку, погоди шут за три поени при резултат 88:85 за ФМП со што овозможи интересна завршница, но таму не се снајде баш најдобро бидејќи промаши 3 слободни фрлања по ред и овозможи неговиот тим да замине поразен.

Денеска се одигра и средбата помеѓу Кожув и Работнички во која очекувано славеше гостинскиот тим од Скопје со 84:95. Кирил Николовски и Онтвон Максвел беа најефикасни во своите екипи со по 22 поени.

Сподели

Можеби ќе ве интересира