Планираните 12 играчи со негативни тестови – вечерва првиот тренинг на Тодоров

Здравствената комисија на федерацијата ги реализираше планираните тестирања, кои беа неопходни за влез во периодот на подготовките за настап на нашиот сениорски национален тим на квалификацискиот турнир во Талин. Со тоа, на селекторот Александар Тодоров му беше овозможено да ги повика следниве 12 играчи:

Љубомир Младеновски (Работнички)
Виктор Ефремоски (Работнички)
Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром)
Андреј Магдевски (МЗТ Скопје Аеродром)
Филип Бакоч (МЗТ Скопје Аеродром)
Кристијан Николов (МЗТ Скопје Аеродром)
Марко Симоновски (Кожув)
Андреј Митревски (ТФТ)
Дамјан Робев (Куманово)
Бојан Трајковски (Пелистер)
Лука Савиќевиќ (МЗТ Скопје Уни Банка)
Леонид Тодоровски (МЗТ Скопје Уни Банка)

Беа тестирани сите репрезентативни кандидати, вклучително и стручниот штаб, кои во овој момент се во Скопје. Од приватни причини составот го напушти Јетмир Зекири, а Андреј Андоновски пријави повреда на скочниот зглоб.

Вечерва со почеток од 18:00 часот во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ ќе биде првиот официјален тренинг на кошаркарите пред настапите во Естонија против домаќиниот и селекцијата на Италија за пласман на ЕвроБаскет 2021. Македонија по две одиграни рунди има 2 порази.

Сподели

Можеби ќе ве интересира