Плејмејкер на КК Работнички ставен во изолација

Американскиот плејмејкер на КК Работнички, Демиер Питс е ставен во изолација откако бил позитивен на Ковид-19 вирусот.

Корона вирусот се појави и во кошарката, откако тимот на Работнички соопшти дека по направените редовни тестирања, плејмејкерот Демиер Питс е позитивен. Тој е сместен во изолација, и до добивање на епидемиолошка проценка на ризикот и насоки за понатамошно постапување, истиот останува. Американецот неодамна го продолжи договорот со тимот од „градски парк“.

Нема друг случај од сите направени тестови, па екипата продолжува со редовните подготовки за стартот на Првата кошаркарска лига.

Работнички треба да дебитира во регионалното кошаркарско натпреварување АБА Лига 2, за кое се уште нема одредено датум за почеток. Во националното првенство пак, тие се едни од главните конкуренти за титулата оваа сезона.

Сподели

Можеби ќе ве интересира