Позитивни случаи во КК Куманово – одложена средбата со ТФТ Скопје

Вториот натпревар помеѓу овие две екипи во рамките на БИБЛ лигата што требаше да се одигра вечерва од 19:00 часот, е одложен.

Организаторите на регионалното натпреварување добиле информација за два позитивни случаи на Ковид-19 во составот на Куманово, па донесена е одлука натпреварот да се одложи и да се најде нов термин откако здравствените власти одлучат колку време екипата ќе биде во карантин.

Во првиот меч, Куманово славеше на домашен терен со 90:83.

Сподели

Можеби ќе ве интересира