По Гасол: Мојата ќерка ќе се вика Елизабет Џина Гасол


Легендарниот шпански центар за прв пат стана татко, откако неговата жена Кетерин МекДонел, на свет го донесе нивното прво дете.

Нашата малечка конечно пристигна. Породувањето помина многу добро и не можеме да бидеме посреќни во моментов.
Елизабет Џина Гасол, многу значајно име за нашата преубава ќеркичка, напиша Гасол на својот Инстаграм профил.

Гасол беше навистина близок со Коби Брајант и неговото семејство. По смртта на Коби и ќерка му Џина, тој голем дел од своето време го поминуваше со Ванеса Брајант и нејзините ќерки на плажите во Сан Франциско.

Гасол му направи голема чест на Коби, а спортскиот свет го препозна и го поздрави самиот чин.

Сподели

Можеби ќе ве интересира