По европската „сопка“, Македонија ќе игра претквалификации за МундоБаскет 2023…

Македонската кошаркарска селекција ќе има за задача да игра претквалификации за Светското Првенство 2023 година, кое ќе се одржи за прв пат во три држави: Индонезија, Филипини и Јапонија.

Веќе е познат системот, каде во рок од 18 денови ќе се изиграат шест рунди. Македонија влезе во вториот круг заедно со: Австрија, Данска, Летонија, Црна Гора, Романија, Шведска и Швајцарија – тимови кои не обезбедија учество на Европскиот шампионат. Претходно, селекциите на Белорусија, Исланд, Португалија и Словачка ја поминаа првата рунда, па овие 12 екипи ќе бидат поделени во четири групи од по три држави. Од секоја група првите две селекции ќе одат понатаму, односно ќе играат квалификации за МундоБаскет 2023.

Се уште не е познато дали ќе се игра по „робин системот“ (дома/гости), или ќе се организираат повторно добро познатите „балони“.

Натпреварите е планирано да започнат во месец август, односно првата средба за селекцијата на Македонија ќе биде на 11-ти.

Сподели

Можеби ќе ве интересира