ПРВА ЛИГА МАЖИ: Куманово патува во Битола, дерби во Аеродром!

Денеска на програмата имаме три средби од 8-та рунда во Првата машка кошаркарска лига. Куманово патува во Битола, Вардар ја пречекува ФМП Академија, а во Аеродром имаме вистинско дерби – силите ќе ги одмерат МЗТ и Еуро Никел.

Осмата рунда е половична, поради три одложени натпревари: кошарка нема да се игра кај Работнички каде требаше да гостува Црн Дрим, во Тафталиџе со вториот тим на МЗТ, а Гостивар нема да патува во Гевгелија за дуел со Кожув.

Останатите средби за кои се овозможени услови, ќе се играат денеска во попладневните часови. Со почеток во 17:00 часот, го имаме дерби дуелот на МЗТ и Еуро Никел со директен пренос на МТВ, а во исто време ќе играат и Вардар-ФМП. Нешто подоцна, од 18:30 часот, Пелистер ќе биде домаќин на Куманово, кој ќе го одигра третиот меч во рок од 6 денови.

Сподели

Можеби ќе ве интересира