Прв дел од сезоната во БИБЛ – Скопски ТФТ одигра 8, Куманово само 4 натпревари!

Дојде крај на оваа, пред се, лоша година, па така завршија и средбите од првиот дел во регионалното Балканско кошаркарско натпреварување – БИБЛ.

Нашите учесници, ТФТ Скопје и Куманово, зедоа учество во балканската група заедно со двете екипи од Црна Гора, Тиват и Рожаје, и двете екипи од Бугарија, Берое и Академик Бултекс.

Екипата на ТФТ одигра дури 8 средби, бидејќи во најголем дел од предвидените термини имаа играчи кои се подготвени за самите предизвици. За жал, дебитантот од Тафталиџе забележа 6 порази и само 2 пати славеше. ТФТ го отвори натпреварувањето со пораз во Куманово. Потоа, единствените две победи ги реализираше една по друга во рок од само една недела – беа подобри од Берое и во реванш средбата со Куманово. На почетокот од месец декември, загубија на гостувањето во Рожаје, па во следниот меч и убедливо се вратија од кај Берое. Во двете средби со Академик беа рамноправен противник, но без доволно добра завршница. Петтиот пораз по ред го имаа на гостување во Тиват.

Куманово како што кажавме ја отвори сезоната со победа над ТФТ, но потоа беа послаби во вториот меч. На домашен терен загубија во третиот натпревар против Тиват, па втората победа успешно ја пронајдоа во битката со Академик.

Планирано е Куманово да го пречека Ибар Рожаје на 5-ти јануари, а ТФТ да ја организира средбата со Тиват, осум дена подоцна.

Сподели

Можеби ќе ве интересира