Приказната на Денвер заврши, прво НБА финале за Ентони Дејвис

Лос Анџелес Лејкерс се пласираа во НБА финалето, а Џејмс оствари 27-ми „трипл-дабл“ во плејоф натпреварите. Тој го заврши мечот со 38 поени, направи 16 скокови и додаде 10 асистенции. Постана четврти играч кој ќе стигнал до 10 НБА финалиња.

На Џејмс му беа потребни само 2 сезони со Лејкерс да стигне до големото финале, откако претходната сезона на „езерџиите“ беше исполнета со огромен број на повредени играчи. Пред тоа, тој играше 8 пати по ред со Мајами и Кливленд.

Лејкерси ќе играат против Мајами или Бостон во 32-то финале, што е и највисок успех во НБА. Последниот нивен настап беше во 2010 година кога го победија Бостон. За Ентони Дејвис, ова ќе биде прво појавување во НБА финале во неговата кариера.

Никола Јокиќ и Џереми Грент постигнаа по 20 поени, а Џамал Мари имаше 19 поени и 8 асистенции за Нагетс.

За Лејкерс, ова е 3-та серија по ред во која се успешни со резултат 4:1. Им следува мал одмор, пред првиот меч во големото финале.

Сподели

Можеби ќе ве интересира