Притисокот од јавноста вредеше, Евролига ќе менува правила

Поради наводниот „втор бран“ од вирусот корона, пропадна идејата за доделување на службена победа доколку некој тим нема подготвен список на играчи во Евролига и Еврокуп.

Правилото гласеше: „Доколку некој колектив не може да обезбеди 8 играчи за настап на еден натпревар, истиот тим ќе биде поразен со службен резултат од 20:0“.

По само две рунди, во озбилен проблем се тимовите на Зенит,Асвел и Бург(Еврокуп). Имаше голем број на приговори по големиот број на службено доделени натпревари, а и јавноста реагираше негативно потенцирајќи дека не е фер без борба а не по нивна волја да се губат натпревари.

Поради тоа, челниците на Евролигата и Еврокупот предложија да се модифицира членот 6 и наместо службен резултат, да се воведе мерка со која ќе се најде нов термин за тој натпревар, но и сите други да се суспендираат.

Исто така, сите 6 натпревари кои се веќе откажани, нема да бидат регистрирани со 20:0, а оние кои веќе ја добиле одлуката ќе им биде поништена и ќе се бара нов термин.



Сподели

Можеби ќе ве интересира