Пријателски натпревар: Куманово со нерешен исход се враќа од Гостивар

КК Куманово 2009 и КК Гостивар одиграа нерешен пријателски натпревар 84:84, во салата „Младост“ во Гостивар.

Првото полувреме отиде во полза на домашниот тим, па гостиварци на пауза отидоа со предност од 11 поени, 50:39. Во вториот дел, подобар беше тимот на Владимир Мирковски со 34:45.

Поради повреди, Марјан Србиновски не можеше да смета на Марјан Јанески и Малком Армстед, па поентерски најефикасни беа Александар Костоски со 22, односно Александар Тодоровиќ со 21 поен. Во Куманово, тоа беа Хулио Гуити со 23 поени и Џош Селби со 20.

Наредната недела, КК Куманово 2009 би требало да одигра уште 3 подготвителни натпревари. Првин, ќе има две гостувања, и тоа: на 22-ри септември против Кожув, а на 25-ти со Работнички. Подоцна, на 27-ми септември, на домашен терен ќе ја пречека екипата на скопски Вардар.

КК Гостивар во наредните денови, треба да одигра контролен натпревар со тимот на Работнички во Скопје.

Сподели

Можеби ќе ве интересира