Работнички и МЗТ во сосема нов формат на АБА 2, дуелите започнуваат следната недела

Второто по јачина регионално кошаркарско првенство, АБА Лига 2, пред малку го објави новиот формат во „ковид“ услови. Нашите Работнички и МЗТ ќе имаат пеколен систем за одигрување со вистински конкуренти.

– Регуларната сезона ќе биде поделена во 3 турнири, каде 2 турнири ќе имаат по 4 рунди, а последниот ќе има 5 рунди.
– Секоја екипа ќе одигра само по еден натпревар, а по завршување на овие дуели, ќе имаме плеј-оф (8 екипи) и плеј-аут (4 екипи).
– Првиот турнир ќе се одигра од 9-ти до 18-ти ноември 2020 година, а организатор ќе биде КК Златибор во малиот град, Чајетина.
– Четвртфиналните парови во плеј-офот ќе бидат одредени по систем 1-8, 2-7, 3-6 и 4-5, додека пак, за 13-та и 14-та позиција ќе се борат 11-14 и 12-13 пласираните.

Натпревари на МЗТ Скопје Аеродром и Работнички Скопје во првите 4 рунди:

1) 09.11. 17:00 Студентски Центар – Работнички
1) 10.11. 17:00 МЗТ – Подгорица

2) 12.11. 17:00 Подгорица – Работнички
2) 12.11. 21:00 МЗТ – Сутјеска

3) 14.11. 15:00 Работнички – Ловќен
3) 15.11. 15:00 Широки – МЗТ

4) 16.11. 21:00 Младост Земун – Работнички
4) 18.11. 17:00 МЗТ – Борац Бања Лука



Сподели

Можеби ќе ве интересира