Работнички се посрамоти во дебитантскиот настап во АБА Лига 2

Кошаркарскиот клуб Работнички Скопје се посрамоти во својот дебитантски настап во второто регионално АБА натпреварување, откако загуби од тимот на Студентски Центар со дури 29 поени разлика односно 98:69.

Составот на Димитар Мираковски уште во 1/4 започна лошо и имаше негатива од 9 поени, за да на полувреме заминат со дури 47:31. Играта остана иста и во вториот дел бидејќи Работнички шутираше само 48% за два, наспроти високите 72% на екипата од Црна Гора. Противникот доминираше и под обрачите па имаше дури 12 скокови повеќе во одбрана и 2 во напад. Работнички погоди 10 тројки но од 32 обиди, а Студентски Центар имаше нешто подобар процент со 8 од 23 успешност.

Најефикасен во нашиот состав беше ДеВон Вашингтон со 17 поени и 5 скокови. Слаба партија имаше главниот организатор на игра, американецот Дамиер Питс со индекс на корисност од само 6. Во победничкиот тим, 18 поени постигна Андрија Славковиќ, бек шутер со 3/4 за три и индекс 27.

Работнички има шанса за поправен испит во четврток против Подгорица, а МЗТ Скопје својот прв натпревар го игра утре во 17:00 часот против истиот тим.

Сподели

Можеби ќе ве интересира