РАЗОЧАРАВМЕ ВО АБА2: Црногорските тимови беа кобни по нас

Тотално разочарување на стартот од АБА Лига 2 за македонските претставници, откако вчера загуби и МЗТ Скопје Аеродром по претходниот дебакл на Работнички Скопје.

„Металците“ беа поразени од Подгорица во тесен и неизвесен меч со 72:74 иако на моменти имаа дури 8 поени предност против црногорскиот тим. Составот од Аеродром имаше добра игра и водство во три четвртини од играта. Но, доста лошо ја одигра последната, за што на крајот и беше казнет од страна на уште една екипа која важи за дебитант во ова регионално натпреварување. 

Најефикасен во МЗТ Скопје беше Бојиќ со 24 поени и 9 скокови, а зад него со 21 поен беше американецот Гачер. Кај гостите, одлична вечер имаше српскиот кошаркар Мусиќ кој постигна 23 поени.

Следната рунда за македонските екипи е утре и тоа пак против тимови од Црна Гора. Работнички игра против Подгорица во 17:00 часот, а во вечерниот термин од 21:00, МЗТ Скопје ќе ги одмери силите со Сутјеска. Директни преноси од натпреварите ќе има на српскиот спортски канал АРЕНА СПОРТ.

Останува да видиме дали овој пат ќе бидеме максимално сконцентрирани и ќе успееме да ги добиеме двата натпревари со што ќе го обелиме образот во регионот или ќе доживееме уште еден срам.

Сподели

Можеби ќе ве интересира