Соопштение до јавноста: Одржано редовното годишно Собрание на КФМ

Кошаркарската федерација на Македонија, вчера во конференциската сала нахотелот „Гранд Плаза“, одржа редовна седница на годишното Собрание.

Седницата беше одложена поради пандемијата од COVID-19, а првично беше планирано да се одржи во месец мај, оваа година. Протоколите за заштита и превенција од ширење на коронавирусот донесоа потреба редовната седница да се одржи зад затворени врати, без присуство на гости и на претставници на медиуми.

Согласно дневниот ред, на редовната седница на која присуствуваа 27 делегати, се „поминаа“ сите предвидени точки. Откако со минута молчење им беше оддадена почест на прерано починатите кошаркарски работници, Собранието ги усвои сите записници од вонредните дописни седници одржани помеѓу оваа седница и онаа изборната во минатата календарска 2019 година. Генералниот Секретар на КФСМ, Владимир Георгиевски, ги информираше делегатите-претставници на членките на Собранието за работата на федерацијата во изминатиот период.

Сподели

Можеби ќе ве интересира