Списокот на Тодоров објавен, Македонија атакува со новиот натурализиран американец Вајли

Селекторот на сениорската кошаркарска репрезентација го објави конечниот список од 15 играчи кои ќе тренираат заедно, а потоа ќе заминат на напорните натпревари во Перм.

Подготовките започнуваат утре во 13:00 часот, а вкупно ќе бидат одработени 5 тренинзи во Скопје. Александар Тодоров селектираше уште двајца кошаркари кои подоцна ќе се приклучат на тимот*.

На 15-ти февруари, во раните утрински часови, со чартер-лет е планирано тргнувањето за Русија.

СПИСОК НА ПОВИКАНИ ИГРАЧИ ЗА ПОДГОТОВКИТЕ И НАСТАП ВО ФЕВРУАРСКИ КВАЛИФИКАЦИСКИ ЦИКЛУС ЗА ЕВРОБАСКЕТ 2022 ГОДИНА

1. Андреј Магдевски (МЗТ Скопје Аеродром)

2. Кристијан Николов (МЗТ Скопје Аеродром)

3. Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром)

4. Бојан Крстевски (МЗТ Скопје Аеродром)

5. Филип Бакоч (МЗТ Скопје Аеродром)

6. Лука Савиќевиќ (МЗТ Скопје Уни Банка)

7. Марко Симоновски (Кожув)

8. Андреј Митревски (ТФТ)

9. Љубомир Младеновски (Работнички)

10. Виктор Ефремовски (Работнички)

11. Дамјан Робев (Куманово 2009)

12. Бојан Трајковски (Пелистер)

13. Војдан Стојановски (Гравелин-Данкерк – Франција)

14. Теодор Симиќ (Барселона-Шпанија)

15. Џејкоб Вајли (Гран Канарија-Шпанија)

*16. Ненад Димитријeвиќ (Хувентуд-Шпанија)

*17. Стојан Ѓуроски (ХЛА Аликанте-Шпанија)

СЕЛЕКТОР: Александар Тодоров
СТРУЧЕН ШТАБ: Ѓорѓи Кочов, Никола Василев, Горан Самарџиев, Никола Велев, Ерен Хангун

Сподели

Можеби ќе ве интересира