Стартуваше БИБЛ, имаме „израелски“ и „балкански“ дел

Стартуваше регионалната кошаркарска БИБЛ Лига, а натпреварувањето e поделено во „израелски“ дел со 4 групи по 3 тимови и „балкански“ дел, каде има 1 група од 6 тимови.

Вчера започна новата сезона од регионалното БИБЛ натпреварување, а се одиграа 4 дуели само во „израелскиот“ дел. Победи остварија: Хапоел Ерусалим над Макаби Ришон (група Д), Галил Гилбоа против Макаби Хаифа (група Б), Бнеи Херцлија над Хапоел Хаифа (група А) и Хапоел Холон против Ирони Зиона (група Ц).

Во „балканската лига“, односно Група Е, ќе учествуваат по 2 екипи од 3 различни држави:

КК Куманово 2009, КК ТФТ Скопје (Македонија),
КК Ибар Рожаје, КК Теодо Тиват (Црна Гора),
КК Берое, КК Академик Пловдив (Бугарија);

Во овој дел, првиот меч од првата рунда ќе се одигра на 20-ти октомври помеѓу Ибар Рожаје и Теодо, а ден подоцна, во Стара Загора ќе ги одмерат силите Берое и Академик Пловдив. На 20-ти октомври беше закажано и македонското дерби помеѓу Куманово и дебитантот ТФТ, но е преместено за 27-ми, кога и ќе се комплетира првата но и ќе започне втората рундата. До таква одлука се дојде поради неповолната ситуација со позитивни тестови кај скопскиот состав. Нивните натпревари со Берое на ТФТ и гостувањето на Куманово против Ибар Рожаје ќе бидат преместени во друг термин.

Исто така, поради намалување на трошоците и ситуацијата со пандемијата Ковид-19, тимовите најверојатно ќе играат 2 натпревари во 2 или 3 дена. Па така, кога Куманово ќе замине во Црна Гора, ќе игра и со двајцата претставници во едно заминување од Македонија, и обратно.

Сподели

Можеби ќе ве интересира