Тимот започна со тренинзите: Ќе биде тешко, но Македонија очекува пласман на ЕвроБаскет!

Машката сениорска репрезентација, денеска го одржа првиот од петте планирани тренинзи во Скопје, пред патувањето за Перм на 15-ти февруари.

На првиот собир кој селекторот Александар Тодоров го закажа од 13:00 часот, се појавија сите повикани кандидати.

Поради болки во пределот на листот од десната нога, првиот тренинг превентивно го пропушти Марко Симоновски. Од лекарскиот тим на нашата сениорска селекција веруваат дека веќе на некој од наредните тренинзи во Скопје ќе биде во строј, и подготвен за настап.

Отвораме против Италија на 18-ти февруари од 15:00 часот, а ден подоцна играме со Русија од 18:00 часот. На 21-ви е реванш средбата со италијанците – ден потоа и последниот дуел со Естонија. Од групата, пласман на ЕвроБаскет обезбедуваат 3 селекции. Македонија е на последната позиција по две одиграни рунди, каде забележа два порази.

Сподели

Можеби ќе ве интересира