Се надеваа на деби во репрезентативниот дрес, но ќе почекаат некоја нова шанса – од составот отпаднаа Робев и Митревски

По вторите направени тестирања, сите 12 кошаркари беа со негативен тест, но селекторот Александар Тодоров одлучи да направи 2 измени пред утрешното патување кон Талин.

Се надеваа на деби во репрезентативниот дрес, но ќе почекаат некоја нова шанса – од составот отпаднаа Дамјан Робев (КК Куманово) и Андреј Митревски (ТФТ Скопје), за место во првиот тим да добијат Војдан Стојановски и новиот натурализиран американец, Џејкоб Вајли.

Доколку нема некој здравствен проблем, играчите ќе тргнат рано наутро во 06:00 часот за Софија, па преку Франкфурт до Талин.

Интересно е што дури половина од составот се членови на МЗТ Скопје.

Тимот кој ќе одигра две средби на квалификацискиот турнир во Естонија:

Војдан Стојановски (Гравелин Данкерк)
Џејкоб Вајли (Гран Канарија)

Љубомир Младеновски (Работнички)
Виктор Ефремоски (Работнички)
Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром)
Андреј Магдевски (МЗТ Скопје Аеродром)
Филип Бакоч (МЗТ Скопје Аеродром)
Кристијан Николов (МЗТ Скопје Аеродром)
Марко Симоновски (Кожув)
Бојан Трајковски (Пелистер)
Лука Савиќевиќ (МЗТ Скопје Уни Банка)
Леонид Тодоровски (МЗТ Скопје Уни Банка)



Сподели

Можеби ќе ве интересира