Трета по ред: Реал Мадрид го освои Супер Купот

Реал Мадрид го освои шпанскиот Супер Куп на АЦБ, откако во финалето го победи својот најголем ривал – Барселона. Натпреварот заврши со 72:67, па тимот од Марид во своите витрини го додаде третиот по ред пехар во оваа натпреварување.

Составот на Пабло Ласо, натпреварот го отвори со 18:14 во првата четвртина, но на полувреме замина со 1 поен негатива. Во вториот дел, Реал Мадрид изгледаше малку посигурно па со 19:17 ја доби третата четвртина. На почетокот на последниот период, Барселона го презеде водството и имаше највисоки 6 поени разлика. Сепак, не за долго. Реал Мадрид се врати во водство со сигурните поени на извонредниот Факундо Кампацо, кој натпреварот го заврши со 21 поен, а придодаде и 2 асистенции. До самиот крај на натпреварот беше неизвесно. Барселона со неколку избрзани шутеви, но и одличната одбрана на Реал Мадрид заостана во резултатот и со -5 го изгуби големото финале на шпанскиот кошаркарски Супер Куп.

Најефикасен во составот на Јасикевичиус, беше НБА повратникот Никола Миротиќ, со исто така 21 поен.

Реал Мадрид во 1/2 финале беше подобар од Тенерифе, а Барселона ја совлада екипата на Басконија.

Сподели

Можеби ќе ве интересира